Жанрови: ,

avatars-000000995065-33tu47-crop

Ogie е активен како музички продуцент и како диџеј на електронска музика од 1999 година. Не е фокусиран на еден музички стил, работејќи низ ambient, big-beat, drum’n’bass, electro, house, trip-hop & twisted dubby soundscapes.

Како продуцент, првпат е промовиран на радио станицата Канал 103, преку емисии како “Зависна Листа”, претежно со музика во drum’n’bass, breakbeat и triphop правците. По ова следуваат настапи во живо и соработки со други локални уметници, од кои што резултираат изданија на првите македонски компилации на електронска музика, објавени на CD од издавачката куѓа PMG Recordings.
Во периодот од 2000 до 2002 неговата музика се појавува на уште две македонски компилации, а и на други мултимедијални проекти. Во тој период почнува поактивно да истражува други музички стилови, фокусирајќи се на помирен звук.
Во 2003 две негови песни се објавени на документарецот “Maybe Logic: The Lives and Ideas of Robert Anton Wilson”, заедно со музика на уметници од издавачките куќи WARP и Ninja Tunes.
По подолга пауза од 2004 до 2010 година, повторно се навраќа поактивно на продуцирањето во 2011, и – очекувајте изданија во 2012!

Како диџеј има почнато пуштајќи drum’n’bass музика, и во периодот од 1999 до 2002 има помогнато да се оформи македонската drum’n’bass сцена. Заедно со екипа на другари, тогаш позната како “01 Crew”, ја имаат почнато првата drum’n’bass резиденција во клубот “Рачки и Тапани”. Има пуштано музика во разни клубови и настани низ Македонија. Од тие, вреди да се издвојат првите гостувања на познати drum’n’bass диџеи во Македонија, LTJ Bukem и Aphrodite.
Краток период е активен и во Канал 103, како дел од продуцентскиот тим на “Зависна Листа”.
Во периодот од 2004 до 2011 најчесто пушта музика на помали и приватни забави, менувајќи го акцентот на музички правци во насока на electro, house и techno, со по малце од сите други за вистински блаженa алхемиска мешавина на звуци.

Изданија:

“Macidonia: class of 999″ – PMG Recordings
“Macidonia 2000″ – PMG Recordings
“8 – Македонска Електронска Музика” – Трето Уво (Third Ear Music)
“Зависна Листа .МК” – Издадено со јубилејното 10 годишно издание на списанието “Маргина” (за Templum Publishing House)
“Maybe Logic: The Lives and Ideas of Robert Anton Wilson” – Deepleaf Productions